Укинати гласачките места во Софилари, Брест и Горачино оти имаат помалку од 10 гласачи

Укинати три избирачки места во штипско кои имаат помалку од 10 гласачи. Жителите од селата Софилари, Брест и Горачино ќе гласаат во најблиското соседно село однонсо во Драгоево, Лакавица и Лесковица. Од ОИК Штип посочуваат дека гласачите не се избршиани од гласачко ливче туку своето право на глас ќе го остварат во најблиското соседно гласачко место.

„Сега имаме нови три избирачки места кои се укинати оти има под 10 гласачи. Тоа се избирачкото место 2241 во село Софилари, 2309 село Брест и 2310 село Горачино. Овие лица не се избршани од избирачкиот список туку своето право на глас ќе го оставар во најблиското избирачко место. Лицата од село Софилари ќе гласаат во село Драгоево, од село Брест ќе гласаат во село Лакавица и од село Горачино ќе гласаат во село Лесковица.“ – вели Вацев.

Освен овие три гласачки, укинати остануваат и гласачките места во село Судиќ, Сушево и Пиперово.

„Претходно се укинати избирачко место 2287 село Судиќ и тие ќе гласаат во село Врсаково, село Сушево и тие ќе гласаат во Три чешми и село Пиперово и тие ќе гласаат во селото Лесковица.“ – додава Вацев.

Измени во гласачките места има и во централното градско подрачје во Штип.

Вацев истакна дека сите останатри гласачи согласно претходните избори на истите избирачки места може да го остварат своето право на глас на 24 април односно на 8 мај.

Лаура Стојанова М-Нет