• среда, 15 мај 2024

Румен Радев пристигна во официјална посета на Баку на покана на неговиот колега Илхам Алиев

Румен Радев пристигна во официјална посета на Баку на покана на неговиот колега Илхам Алиев

Софија, 7 мај 2024 (МИА/БТА) - Шефот на бугарската држава Румен Радев пристигна во Баку, Азербејџан, каде што е во официјална посета на покана на неговиот колега, претседателот Илхам Алиев. Шефот на бугарската држава беше официјално пречекан на аеродромот.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Во делегацијата предводена од бугарскиот претседател се в.д. министерот за енергетика Владимир Малинов, претседателот на Групата за пријателство Бугарија-Азербејџан во Националното собрание Хамид Хамид и претставници од бизнисот.

Румен Радев и Илхам Алиев на 8 мај ќе одржат средба „во четири очи“ и ќе ги водат пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, по што ќе потпишат Заедничка декларација за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Азербејџан.

Радев во Баку ќе се сретне со претседателот на Парламентот на Република Азербејџан проф. Сахиба Гафарова и ќе разговара со бугарски специјалисти кои работат во областа на спортот во Азербејџан.

Јакнењето и продлабочувањето на стратешкото партнерство и соработката во области од заемен интерес, меѓу кои енергетиката, економијата, високите технологии, иновациите, транспортот и туризмот ќе бидат во фокусот на посетата на претседателот Румен Радев.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан