Покрај тоа што го „избрка“ Емил Рајковиќ од ЦСКА од Москва, Ненад Димитријевиќ сосема очекувано се најде во идеалната петорка на колото во ВТБ лигата. Тој на натпреварот против ЦСКА испорача неверојатни 40 поени и му донесе победа на својот Уникс Казан, а со тоа си загарантира место во идеалната петорка, седми пат од стартот на сезоната.

Со оваа победа, Уникс го осигура првото место во регуларниот дел од сезоната и на најважните мечеви ќе ја има предноста од домашен терен, нешто што може да биде клучно во битките за титулата. Од друга страна ЦСКА му врачи отказ на Рајковиќ еден ден по натпреварот.