Search
Се отвори изложбата „Црвено училиште“ на Дубравка Угрешиќ

Иднината на културата е во илегала, во подземјето

Изложбата не е голема, ама она што е важно да се спомене дека Дубравка во последната година две од нејзиниот живот често пати истакнуваше дека ако постои иднина на литературата, културата и уметноста, всушност дека таа иднина на културата е во илегала, во подземјето, не е во канонизацијата. Дубравка веќе една година ја нема, инаку крајот на март ќе навршеше 75 години. Многу луѓе кон неа во Хрватска лошо се однесуваа, кои и нанеа зло, а сега кога почина сите ја сакаат. Дубравка последните години од животот беше и кандидатка за Нобелова награда за книжевност и сигурно најважна не само хрватска туку и југословенска книжевничка во светот.

Вчера вечер во културниот центар Јадро беше отворена изложбата „Црвено училиште“ на познатата хрватска авторка Дубравка Угрешиќ. „Црвено училиште“ е изложба на познатата писателка, есеистка и преведувачка Дубравка Угрешиќ, чија работа имаме да чест да ја дожиевееме покрај пишаниот збор, и преку медиумот на визуелното.  По Ријека, Загреб и Белград конечно „Црвеното училиште“ допатува и до Скопје, преку соработката на Контрапункт и Мултимедијалниот Институт „МАМА“ од Загреб.

Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е хрватска, југословенска и холандска писателка, публицистка и научничка. Угрешиќ дипломирала општа и компаративна книжевност и руска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела повеќе од дваесет години на Институтот за теорија на книжевноста. По распадот на Југославија, во 1993 година се преселила во Амстердам.

„Почетната идеја за да ја поставиме оваа изложба „Црвеното училиште“ дојде од самата авторка, Дубравка Угрешиќ. Ние претходно веќе соработувавме со години со Дубравка, но таа во еден момент сакаше нешто повеќе. По игра на случајот, првата реализација на оваа изложба се случи за време на короната во Ријека кога беше прогласен за европски град на културата, доцнеше скоро една година. Потоа изложбата ја поставивме во Загреб и во Белград во Октомврискиот салон. И имавме во план април 2023 четврто поставување во Скопје, но Дубравка за жал почина во март 2023.

Малку се оддолжи заради тоа поставувањето во Скопје, а Дубравка многу се радуваше да дојде во Скопје, затоа што за Скопје подготвивме нешто важно, специфично, а тоа е како интегрален дел од изложбата да одат македонски изданија од четирите нејзини најпознати книги, Каталог од изложбата Црвено училиште, „Штефица Цвек“ , фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која излезе за нејзиниот живот ‘Наралник за вештерки’, изјави Петар Милат од Хрватска.

Она што ќе биде важно за оваа изложба во Скопје, не само што таа ќе биде поставена малку повеќе од две седмици, туку останува едно трајно наследство, македонски изданија на нејзините најпознати книги.

Трн: Која е приказната зад оваа изложба?

Петар: Еден помал дел од изложбата се состои од цртежи, а поголем дел се мали минијатурни кутии. Дубравка имаше едно хоби, последните 25 години од нејзиниот живот собираше мали минијатурни фигури, кои потоа ги праќаше на еден свој пријател во Кутина, Славонија – Дражен. Дражен за  тие мали фигури по еден сантиметар или два правеше кутии, мали кутии и потоа Дражен ги праќаше назад тие кутии со фигурите назад на Дубравка, а таа на нив потоа доцртуваше нешто или пишуваше пароли. Воглавном пароли или слогани за периодот на нејзиното растење педесетите години кога таа одеше во основно училиште. Тоа се всушност најважните делови од изложбата. Изложбата не е голема, ама она што е важно да се спомене дека Дубравка во последната година две од нејзиниот живот често пати истакнуваше дека ако постои иднина на литературата, културата и уметноста, всушност дека таа иднина на културата е во илегала, во подземјето, не е во канонизацијата. Дубравка веќе една година ја нема, инаку крајот на март ќе навршеше 75 години. Многу луѓе кон неа во Хрватска лошо се однесуваа, кои и нанеа зло, а сега кога почина сите ја сакаат. Дубравка последните години од животот беше и кандидатка за Нобелова награда за книжевност и сигурно најважна не само хрватска туку и југословенска книжевничка во светот.

Зошто се вика изложбата Црвено училиште?

Петар: Црвено училиште има врска со растењето на Дубравка во педесетите години  и црвената секако има врска со социјализмот, како што Дубравка пишува во предговор на каталогот и книгата дека таа за својот живот во СФРЈ не била одушевена од социјализмот, дека била и дури антиполитична и дека црвената ѕвезда не била никогаш нејзин знак но, во моментот кога пропадна социјалистичкиот проект, дека дури тогаш можеби увидовме што сме изгубиле и дека таа црвена ѕвезда стои за епоха во која се уште верувавме дека постои иднина.

Со Искра Гешоска, директорка на КРИК фестивалот за критичка култура поразговаравме за следните проекти на КРИК и нивните постулати.

„Годинава тематската рамка на Крик е Желбени машини, уметноста како (р)еволуција. Следното што ќе биде промоција на книгата на Сузана Милеска „За партиципациска уметност“ и тоа сметам дека е едно исклучитечно значајно теориско дело и придонес за критиката воопшто, за институционалната критика, за интердисциплинарното читање на концептите за култура и уметност на политичката философија, за сите места на кои се допираат. Потоа на 9 мај ќе имаме промоција на четирите книги од Дубрвака Угрешиќ, преведени на македонски јазик. А во јуни месец ќе имаме предавање, менторска работа бидејќи нашата цел е во ова време кога умира всушност разговорот, дијалогот кога умира, особено во агората, се се одвива во поинакви рамки, кондензирано во социјални мрежи, ние во агората тоа сакаме да се одвива. Доаѓа Гералд Раунинг кој што е автор на книгата Уметност и револуција. Тој е еден од најпознатите теоретичари на уметноста и тоа уметноста читана како интегрален дел од политичкото, општественото дејствување. Доаѓа и Изабел Лораи, исто така исклучителна теоретичарка на политичката философија, на местата кои што се допираат уметноста и политичката. Ќе имаме и нивни менторски семинарски дискусии во мали групи каде што ќе се разговара за концептите на автономија, како да ја зачуваме автонимијата во општетството, особено во вакви дезинтегрирани општества, општества кои се на работ да го загубат чувството на заедничко. Од септември следува втор дел на КРИК со некои настани кои дел ќе бидат и перформативни. Еден ќе биде посветен и на Кант, годинава е годишнина на Кант“, вели Искра за читателите на Трн.

Ако треба да направи една паралела меѓу почетоците на КРИК и ова што е денес овој фестивал, Искра вели дека во однос на содржинската рамка се конзистентни без некое отстапување. „Разликата е во форматотот само. Ако првите години се одвивше во континуиран формат неколку дена, потоа развивме формат на платформа кое што ќе може низ целата година да прозиведува содржини“, истакнува таа.

Околу предизвиците на Крик таа појаснува: „Предизвикот е како да направиме еден трансгенерациски контекст каде што ќе се среќаваат различни генрации што е поприлично тешко бидејќи свесни сме за што поголемо оддалечување на генерациите, млади, средни, повозрасни. Тоа е важно од аспект што критичката култура не може само одредена затворена група да ја гради. Таа мора да има преплетување генрациски, интелектуални, социјални преплетувања“.

На прашањето околу суштината на Крик и за што се залага Крик, Искра одговара: „Се бориме за општество на силни и храбри индивидуи кои што имаат автономни критички капацитети, кои не подлежат на клишеа, на шаблони и коишто ќе се обидат да се борат против втолпеноста на оваа поданичка култура бидејќи живееме во поданичка култура а таа значи анулирање на каква било мислечка патека. Општеството во кое живееме има проблематично образование, проблематиччни институции од сите сфери, се е проблематично и тие аксиомски вредности и вертикали се како распаднати. Ние се обидуваме да се избориме за каков таков мал глас да пуштиме за веќе обезгласените идеи за формирање на такви критички јадри и заедници, Мислам дека имаме суштински проблем со отсуството на чувство на заедница. Ние на ниво на дискурс на јазик говориме за заедници, но не ги живееме, немаме органски заедници, не се поврзуваме, а она што ни треба клучно во овој момент е да се поврзуваме, да созадавамекритички јадра за да може ова општество да почне мал чекор по мал чекор да го менува своеото наличје и да направи разлика“.

Најново

Последни колумни