(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на која што заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе.

„Денеска сме тука токму да го испорачаме и решението, односно на земјоделците да ги доделиме првите договори, кои што треба да ги потпишат. Во овој период службите на министерството интензивно работеа согласно нашиот договор, кој што го постигнаме во Свети Николе, да се направи се овие договори многу бргу да бидат продолжени. Зададовме рок заеднички од 2 ипол месеци, но еве ме за многу брзо време, со нови договори за продолжување на закупот на земјоделски површини токму во Свети Николе“, истакна министерот Николовски.

Минатата недела Владата даде согласност за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште, кои истекоа изминатиот период. Токму во таа насока, земјоделците од Свети Николе, веќе почнуваат да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Постапката веќе започна и веќе на денешната владина седница, исто така имаме доставено нови согласности за продолжување на договорите.

„Владата продолжува со носење на нови согласности, министерството продолжува со склучување на сите договори каде што земјоделците имаат поднесено барања, каде што постапките се завршуваат и од тука повторно порачувам нема отстапки ниту еден милиметар, сите земјоделци кои што имаат поденсено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите за нови 15 години“, истакна министерот Николовски.

Како министерство, заедно со земјоделците, покажавме дека само сложни околу вистината, можеме да постигнеме резултати. Успеавме заедно, земјоделците да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции.

Би можело да ве интересира

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите

Горан Наумовски

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ