Легендарниот Аргентинец кој даваше голови за Реал, Јувентус, Наполи, го промени спортот (Фото)

Поранешниот аргентински репрезентативец и член на Реал Мадрид, Јувентус и Наполи, Гонзало Игуаин, по заминувањето во фудбалска пензија, го промени спортот.

Игуаин, кој минатата година замина во пензија, сега започна да игра падел. За тоа дека Аргентинецот е талентиран и за овој спорт, најдобро покажува дека редовно настапува на локалните турнири во Мајами, САД, а неодамна и победи на еден таков, за што заработи симболична награда од 300 долари.

 

Игуаин професеионалната кариера ја започна во Ривер плејт, а потоа играше и за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, а по една сезона помина на позајмица во Милан и Челзи, додека кариерата ја заврши како член на Интер Мајами.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 71 натпревар и постигна 31 гол, а со Гаучосите во 2014 година играше во финалето на СП, каде што загуби од Германија со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести