Македонија 50 милиони евра директна помош за спортот

Мисајловски: ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски” добива ново фудбалско игралиште

Мисајловски: ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски” добива ново фудбалско игралиште

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски истакнува дека капиталните инвестиции во општина Ѓорче Петров се во наредна фаза.

Една од нив, посочува тој, е изградбата на ново фудбалско игралиште во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски”.

-Ова место во дворот на училиштето кое беше запуштено сега прераснува во ново модерно фудбалско игралиште на кое жителите на Ѓорче Петров ќе можат да спортуваат и рекреираат, нагласува Мисајловски.

Во програмата “Платформа 1198”, додава тој, се предвидуваат 50 милиони евра директна помош за спортот и 250 милиони евра помош за општините со што ќе се изградат многу спортски игралишта, а воедно со тоа ќе ги стимулираме младите што повеќе да водат здрав и спортски живот!

Најнови вести од Македонија

To top