Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска радио и тв водителка.

Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.


Починала во Скопје на 21 јануари 2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …