Поврзете се со нас

Англија

Артета по поразот од Евертон: Јас сум горд на овие играчи, сега ги сакам уште повеќе!

Објавено

на

Арсенал иако го имаше статусот на фаворит претрпе пораз на гостувањето на „Гудисон Парк“ кај Евертон и тоа со голот кој во второто полувреме го постигна дефанзивецот Џејмс Тарковски.

„Топчиите“ не успеаа да се наметнат на дуелот во Ливерпул, да бидат опасни, конкретни како што знаат и умеат во оваа сезона во која ќе останат лидери на премиерлигашката табела и по актуелното коло без разлика на тоа што Манчестер Сити ќе направи утре против Тотенхем.

Тренерот Микел Артета и покрај поразот не им е лут на играчите за кои порача дека сега ги сака уште повеќе.

-Денес ги сакам многу повеќе од пред една недела, пред еден месец, пред шест месеци. Лесно е да се биде до некој кога победува и играа добро, но сега е моментот да се биде до нив затоа што тие целосно тоа го заслужуваат, јас сум толку горд што ги нарекувам мои играчи, -рече Артета кој запрашан за можноста Манчестер Сити да им се приближи на табелата тој одговори:

-Ова немда биде розова патека, ќе биде незгодно, тешко и ќе мора да реагираме на разочарување. Ќе мора да копаме и да играме подобро отколку што тоа го направивме денес, тоа е сигурно, -заклучи Микел за „БТ Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни