Поврзи се со нас

Вести

Боцвана до Германија: Ќе ви испратиме 20.000 слонови за „подарок“

Објавено

на

Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси и се закани на Германија дека ќе испрати до 20.000 слонови,
незадоволен што Берлин го критикува ловот на слонови и извозот на трофеи што неговата земја, според него, ги практикува за да го регулира бројот на овие животни.

Масиси за германскиот весник Билд изјави дека не се шегува што сака да пресели 20.000 слонови.

„Би сакале да и го дадеме овој подарок на Германија“, рече Масиси, додавајќи дека „нема да прифати никакво одбивање“.

Боцвана, земја без излез на море во јужна Африка, е дом на најголемата популација на слонови во светот, околу 130 илјади, со кои заедничкиот живот често е тежок, рече претседателот, наведувајќи ги нападите врз луѓе, села и земјоделски култури.

Критиките на германското Министерство за животна средина, предводено од екологистите, се однесуваат на трофеите за лов на слонови за богати западни клиенти.

Што се однесува до „подарокот“ предвиден од претседателот Масиси, германското министерство изјави дека „Боцвана сè уште не остварила контакт“ на оваа тема.

Во 2019 година, Боцвана ја укина целосната забрана за лов, воведена пет години порано за да се смени падот на популацијата на слонови и други видови. Тоа предизвика незадоволство кај екологистите. Комерцијалниот лов е исто така важен извор на локален приход.

Оттогаш, Боцвана секоја година одлучува за квотата на животни што може да се ловат. Минатата година, земјата и понуди осум илјади слонови на Ангола и 500 на Мозамбик во 2022 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена