Бред Пит и Инес Де Рамон успешно се кријат од јавноста, но сега ги фатиле во романтична прошетка

4 мај, 20240
m_33288581_1280

Нема повеќе дилема. Врската помеѓу Бред Пит и Инес де Рамон стана многу сериозна. Таа неодамна се преселила во неговата модерна, по холивудски стандарди многу скромна вила во Лос Фелиз и оттогаш се неразделни. Деновиве тие беа видени на романтична прошетка на плажата во Санта Барбара каде се изгледаше идилично – нема никој, сино море, освежителен ветер, расцутени пролетни растенија и две лежалки со розови навлаки само за нив. Тие беа придружувани од нивните заеднички кучиња, две големи лабрадудли или португалски водени кучиња. Во секој случај, парот поминал идилично попладне на идилична локација во најдобро можно друштво, со себе и со своите миленици.

image

И на Бред му треба мир и човек кој ќе го поддржи, бидејќи судската битка со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли за Шато Миравал е во полн ек. Не е познато колку актерот останува близок со децата кои ги делат и дали воопшто ги гледа. Наводно, најстариот Медокс и малку помладиот Пакс не сакаат да слушнат за него, а 18-годишната Захара кога отишла на факултет му го тргнала презимето и го задржала само мајчиното.

image

И покрај проблемите, актерот се обидува да сврти нова страница во животот со нова љубов. Но, овој пат очигледно е повнимателен, па колку и да е близок со Инес, се уште ја нема однесено на црвениот тепих или на некој друг јавен настан, а ретко кога ги фаќаат папараците заедно. Последен пат беа фатени заедно на филмскиот фестивал во Санта Барбара, каде некој од публиката ги фотографираше затоа што не позираа на црвениот тепих, а беа сликани и на почетокот на годината како одат на изложба на Галеријата Гагосијан во Лос Анџелес.

Двојката првпат беше уловена како излегува на концерт заедно во ноември 2022 година, а се шпекулира дека тогаш се гледале неколку месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi