Breaking News

Претседателот на Јужна Кореја се сретна со лидерот на опозицијата по поразот на парламентарните избори


Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул денеска разговараше со лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Јае-мјунг, за соработката, откако Конзервативната партија на претседателот неодамна претрпе тежок пораз на парламентарните избори.


Тоа е нивна прва заедничка средба од 2022 година, кога Јун тесно го победи Ли.


Официјални лица од кабинетот на претседателот и претставници на левичарската Демократска партија претходно изјавија дека средбата ќе се фокусира на тоа како да се подобри животниот стандард и да се унапреди соработката во државните работи.

Јун го предложи состанокот бидејќи се соочува со голем број повици за соработка со Демократската партија, чија победа на парламентарните избори на 10 април и овозможи контрола на Националното собрание до истекот на петгодишниот мандат во јули во 2027 година.


Тој, исто така, се очекува да разговара за прекин на повеќенеделниот штрајк на илјадници лекари, кои се осомничени за одложување операции, медицински третмани и други здравствени услуги.

паг/Фото: МИА архива       .


Извор: МИА