Регион

Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица отвори своја веб-страница

Сите тековни случувања во НУЦК „Антон Панов“ ќе можете да ги следите преку оваа платформа. На неа директно можете да пристапите преку www.nuckantonpanov.mk

Освен информациите за секторите кои работат во рамките на установата – Театарот, Уметничката галерија и Музичко-сценскиот сектор – поврзани со нивната дејност и нивниот историјат, овде секојдневно ќе можете да се информирате и за настаните што следуваат: театарски претстави, изложби, концерти, промоции и други настани од културата, збогатени со фотографии и видеозаписи.

Специјално за оваа веб-страница е изработено и ново лого на установата и тоа ќе се користи во сите најави на настаните кои ги организира Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.

Препорачуваме:

Земјоделскиот отпад еден од најголемите загадувачи на околината

ЗНМ: Снимателите и новинарите заедно за кревање на стандардите на професијата

Сузана Мицева

Општина Струмица отпочна со асфалтирање на улици во населените места

Ѓ. K.