Ристовски кон навивачите на Ријека: Не ве мразам, но ја загубивте мојата почит!

Динамо Загреб триумфираше против Ријека со 2-1 во, се чини, клучниот натпревар во битката за титулата во хрватскиот шампионат.

За време на мечот македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, поранешен фудбалер токму на Ријека, доживуваше бројни навреди од противничките навивачи кои и пред натпреварот преку социјалните мрежи упатуваа серија навреди кон Ристовски.

„Тој е најлигавиот фудбалер кој игра во Хрватска, секогаш театрален, секогаш сака да привлече внимание… Фудбалерот кој секогаш скандираше против Динамо кога играше за Ријека, а сега со омраза гледа кон Ријека…“ – беа дел од коментарите на навивачите на Ријека пред дуелот.

Поранешниот капитенот на македонската репрезентација, пак, по натпреварот им порача дека нивните навреди не допираат до него, и покрај тоа што ја споменуваа и неговата почината мајка.

„Не ве мразам, но комплетно ја загубивте мојата почит. Семејството е секогаш поважно од се. За тебе, мајко“ – напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Ристовски стандардано го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб кој направи клучен чекор кон одбрана на титулата.

Се вчитува...