Насловна / Вести / Убавината на балканските жени и носии во изложбата „Трон“

Убавината на балканските жени и носии во изложбата „Трон“

Во Галеријата на Рускиот дом во Белград во тек е изложбата „Трон“ на светски признатиот графички дизајнер и наградуванг фотограф од Србија, Павел Сурови. Дел од фотографиите од колекцијата „Трон“ го красеа отварањето на Европската престолнина на културата – Нови Сад 2022, а изложбата гостуваше и во Париз и Марибор.

1

Ставајќи ги спојот на традицијата и духовноста во фокусот, изложбата „Трон“ претставува оригинални и автентични народни носии на Балканот.

2

Павел Сурови специфично ги реинтерпретира народните носии како нематеријално културно наследство, смело компонира традиционални елементи прикажувајќи ги од оригинална перспектива, на специфичен начин ги менува естетските и традиционалните модели, каде особено доаѓа до израз убавината на жената.

3

Сепак, тој смета дека „приказот на жените е само површински, бидејќи позади или под тие привлечни лица стои една друга приказна. Всушност преку тие жени спојувам два света. Првиот е овој свет што го гледаме и живееме, трка по обврски, материјален, и тука е секогаш желбата да бидеме подобри. Другиот е духовниот свет кон кој тежнееме“, објаснува Сурови.

8

Самиот наслов на изложбата „Трон“ алудира на тоа дека архаичните народни носии црпат инспирација од кралските дворови, што во световна и духовна смисла ја претставуваат борбата на луѓето за моќ и престол.

4

На кралскиот двор, покрај луксузот, до израз доаѓа и женската убавина, која е главна инспирација на многу уметници и секоја жена сака да биде најубава, да биде на тронот.

Посебно важен елемент на неговиот уметнички пристап е поимот за женската убавина како неисториска, односно безвременска естетска категорија.

5

Преку своите народни носии различните народи ги истакнуваат своите автентични симболи и обележја кои ги дефинираат како нација и во таа смисла ги прават единствени и посебни. Преку своите уметнички и етнографски истражувања, Сурови покажува дека во христијанската цивилизација секоја исконска убавина, а со тоа и женската убавина, е подложна на прикривање, особено во народните носии, кои го кријат идеалот за убавина зад многу слоеви подсукњи, тантели, панделки, машни и везови.

10

9

7

6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top