Поранешна НБА ѕвезда ја заврши кариерата

Блејк Грифин, некогашниот прв избор на НБА драфтот и шестократен учесник на Ол-стар, објави дека ја завршува кариерата.

Грифин во 2009 година беше одбран од страна на ЛА Клиперс, но првата сезона ја пропушти поради повреда, а потоа беше прогласен за дебитант на годината.

Во Клиперс соработуваше со Крис Пол, но тој тандем никогаш не постигна успех. Клиперси ги напушти во 2018 година, потоа замина во Детроит, а играше и во Бруклин, Бостон. Без клуб е на почетокот на оваа сезона.

Се вчитува...