19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на здравјето – „бебешкото месо“ во месарниците достигна цена од 1.000...

Цената на здравјето – „бебешкото месо“ во месарниците достигна цена од 1.000 денари

Сè повеќе родители се загрижени за квалитетот на храната што им ја сервираат на сопствените деца, па затоа се обидуваат на најразличнни начини да обезбедат најдобро за своите најмлади. На пример, со вклучување на младо телешко месо во нивната исхрана.

Познато во месарниците како „бебешко месо“, овој деликатес сега ја достигна цената од 1.000 денари за килограм, што го прави прстапот до здрава храна сè поскап и поскап.

„Секоја втора недела купувам по половина килограм за моето 1-годишно дете. Цената е висока, но кога станува збор за здравјето на моето дете, не смеем да правам компромиси. Се обидувам да го најдам најдоброто, и ако тоа значи планирање и резервација една недела однапред, тогаш така ќе биде“, ни изјави скопјанец од Ѓорче Петров.

Сопственикот на една месарница во Карпош објаснува дека барањето за младо телешко месо е во постојан пораст.

„Родителите го сакаат само најдоброто за своите деца, и тие се подготвени да платат за квалитетот. Сепак, поради ограничената достапност, потребно е да се направи резервација најмалку една недела однапред“, ни изјави месарот.

За цената на младото телешко месо, тој додава:

„Кога ќе се земе предвид квалитетот на месото, цената од 1.000 денари за килограм и не е премногу висока. Ние се грижиме за нашите клиенти и сакаме да им го понудиме само најдоброто“.
Додека цените продолжуваат да растат, едно е сигурно – родителите ќе продолжат да бараат начини да обезбедат здрава исхрана за своите деца, без разлика на цената.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП