Поврзете се со нас

Германија

Хенес знае кој клуб ќе го води Алонсо во наредната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо има навистина одлична сезона со бундеслигашот Баер Леверкузен, сезона која може да ја заврши со три титули со оглед на тоа што екипата добро гази како во домашниот шампионат така и во Купот и во Лига Европа.

Оваа негова работа донесе сериозен интерес од повеќе екипи кои остануваат без тренер по крајот на сезоната како Ливерпул и Баерн Минхен. Постојано се говори за иднината на Шпанецот кој пак во повеќе наврати порача дека останува посветен на „фармацевтите“, но во меѓувреме има различни информации, гласини што е едноставно нормално во фудбалот.

Ули Хенес како легенда на Баерн, човек кој едноставно му го има посветено животот на составот од Минхен отворено посочи дека Чаби е посакуван на „Алијанц Арена“, ама верува дека стратегот нема да мрдне од „Бај Арена“ во натпреварувачката 2024/2025.

-Сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не кажам невозможно.

-Можам да замислам дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Алонсо сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Тој има за што да му се заблагодари на својот клуб, а тие на него, -истакна Ули за германските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни