Вести Македонија Најважни

Габер – Дамјановска: Ја чекаме одлуката на ДКСК и ќе поднесеме тужба до Управен

Академијата за судии и јавни обвинители ја чека вчерашната одлука на Антикорупциска околу конкурсот за слушатели на академијата, за да поднесе тужба до Управен суд.

Вчера, ДКСК повторно одлучи дека Академијата ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес, по приговорот на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Тоа е идентична одлука, која претходно падна на Упавен суд. Вчера,

Во образложение на одлуката, претседателката на комисијата Татјана Димитровска наведе дека комисијата е на ставот дека кандидатите во Академијата се во работен статус, и не смее да се врши селекција бидејќи со тоа се крши изборниот законик.

Според одлуката на Антикорупциска, Академијата за судии и јавни обвинители треба да го запре процесот на селекција и тестирање на кандидати до завршување на изборниот процес.

Претседателката на академијата, Наташа Габер Дамјановска рече дека не станува збор за двојно вработување, бидејќи кандидатите земаат плата од академијата, но ќе работат на друго место, и дека доколку не поминат било која фаза од селекцијата, договорот престанува и тие се должни да ги вратат парите.

Академијата треба да ја поднесе тужбата во рок од 24 часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе