Живот 25.03.2024 08:07

Време: Облачно со врнежи од дожд

Време: Облачно со врнежи од дожд

Седмицата во Македонија ќе започне со променливо облачно време, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи.

На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринските температури се движат од минус 1 до 9, доколку највисоките дневни соодветни ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали. Температурата ќе достигне 15 степени. ()