Во прв ред

Хрватскиот кантавтор Џибони со концерт во Скопје

Хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ – Џибони ќе одржи концерт во Скопје на 17-ти февруари следната година во салата „Јане Сандански“, најави „Авалон продукција“. Џибони оваа година имаше два концерта во Арената во Загреб и два во Арената во Белград пред вкупно 80.000 луѓе.

Музичката кариера ја започна со хеви метал бендот „Осми путник“, со кој има снимено три албуми, а соработувал и со Оливер Драгојевиќ и Дино Дворник. Како соло пејач има издадено 19 албуми, од кои дел се концертни снимки и колекција со најголемите хитови.

Влезниците ќе бидат во продажба од утре (27-ми декември) онлајн на ticketx.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија по цени од 990 до 2.000 денари.

Можеби ќе ве интересира: