Економија
СО „ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА“ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ СЕ ОТВОРАТ 27.000 РАБОТНИ МЕСТА
01.11.2024
Во регионот на Западен Балкан во следните шест години ќе се отворат повеќе од 27.000 работни места во секторот на обновливи извори на енергија, а најмногу работници ќе бидат потребни во секторот за соларна енергија.
За да може адекватно да се одговори на „зелената транзиција“ ќе бидат итни реформи во образованието. Младите во регионот немаат доволно познавање за обвновливите извори за енергија и затоа е потребно овие теми да бидат содржани во новите наставни програми, пренесува РТЦГ.
Во овој момент енергетските сектори во земјите од регионот се потпираат на јагленот како извор на електрична енергија. Косово, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу првите десет земји во светот со високо учество на струјата добиена со користење на јагленот. Црна Гора со учество од 39,8 отсто има подобра избалансираност на енергетската слика.
фото freepic