Ѓоковиќ 424 недела е на врвот, таму ќе остане најмалку до 10 јуни

Новак Ѓоковиќ ја започна 424 недела како најдобар тенисер во светот според ранг листата на АТП. Иако не играше на мастерсот во Мадрид, српскиот тенисер ја сочува предноста пред второрангираниот Јаник Синер кој сега заостанува 1.130 поени.

Српскиот тенисер на врвот е со 9.990 поени, а Синер има 8.860. Далеку на третото место е Карлос Алкарас кој изгуби доста поени и сега има 7.345 поени. Данил Медведев со 7.195 поени е на четвртото место, а топ 5 листата ја затвора Александер Зверев со 5.435 поени.

Според сегашната ситуација, јасно е дека никој не може да го симне Ѓоковиќ од врвот барем до 10 јуни. Синер е повреден и нема да игра на мастерсот во Рим, а тој турнир ќе го пропушти и Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести