СПОРТФУДБАЛ

Челси, Арсенал, Ман. Сити и Ливерпул во трка за фудбалерот на Шахтјор

Челси е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Шахтјор Доњецк и репрезентативец на Украина, Георги Судаков, пишуваат медиумите на Островот.

Лондонскиот клуб ја разгледува можноста да го придобие 21-годишниот фудбалер претстојното лето. Покрај Челси, во трка за фудбалерот за врска се и Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Во моментов трансферната вредност на играчот од средниот ред се проценува на над 75 милиони евра. Сезонава Судаков одигра 33 натпревари за Шахтјор во сите натпреварувања на кои постигна девет голови и забележа шест асистенции.

Неговиот договор со клубот е до крајот на декември 2028 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button