Мицкоски: Идната владеачка коалиција ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека народот на 24 април го кажа своето, а тоа е идната владеачка коалиција да ја предводат неговата партија и коалицијата „ВЛЕН“.

-Ако го анализирате изборниот резултат, ќе дојдете до заклучок дека владините кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи освоија вкупно 300 илјади гласови. Ако го гледате резултатот кои што го одлучија граѓаните, а тоа е резултатот на Гордана Силјановска-Давкова – идниот претседател и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тоа е приближно 450 илјади гласови, што значи за 1,5 пати повеќе. Граѓаните одлучија. Жалам што Али Ахмети сака да се претставува како идеолог и многу силен во јавноста, а во позадина ми праќа емисари и безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, рече Мицкоски од општина Аеродром.

Според него, Ахмети е злоупотребен. Тој жали што лидерот на ДУИ, наместо да заврши како политички пензионер, ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници.

-Имаме докази за тоа, кажа Мицкоски, додавајќи дека посакуваат стабилно владино мнозинство, со повеќе од 2/3.

Слични содржини