Тимот на Чикаго Бирс од првото место на драфтот во американската професионална НФЛ лига го избраа првиот пик Кејлеб Вилијамс од Универзитетот Јужна Калифорнија. Вилијамс имаше голем напредок во последниве месеци и како сигурен пик во првата рунда беше избран од страна на Чикаго, кои решија да не го задржат нивниот сегашен квотербек Џастин Филдс, кој го драфтуваа во првата рунда пред три години.

Овогодишниот драфт го одбележа лудилото за офанзивните играчи, пред се квотербековите. Вториот пик беше избран од Вашингтон Командерс кој го земаа Џејден Даниелс од Луизијана, а трет избираше Њу Ингланд Патриотс, кој го избраа Дрејк Меј од Северна Каролина.