Поставена нова и современа тартан подлога на игралиштето во Карбинци

Најмладите во Општина Карбинци, ќе се рекреираат во подобрии современи услови. Поставувањето на тартан подлогата на ова игралиште е само дел од проектите кои што треба да се реализираат во иднина заедно со неколку нови детски игралишта. Градоначникот Витор Паунов е дециден дека во текот на оваа година ќе бидат инвестирани уште пет милиони денари за спортски терени.

„Од денес па натаму оние ко што ќе рекреираат, најмладите ќе имаат можност да рекреираат по модерни услпви,услови какви што се нормални и модерни за денешно време, овоа е дел од низата проекти кои што се случуваат во Општина Карбинци во рамките на оваа календарска година, проектот е во склоп со уште неколку детски игралишта кои што добија ваква модерна тартан подлога, Општина Карбинци, за 2024 год ќе инвестира 5 милиони денари за вакви спортски терени.“ изјави Паунов

Во иднина се планирани неколку проекти, меѓу кои изградба на нова детска градника, спортска сала, како и реконструкција и модернизација на каналите за наводнување кои што се од особено значење за земјдоделците во Карбинци.

„Она што го планираме дополнително за Општина Карбинци е изградба на една нова детска градника, спортска сала која што е планирана за Општина Карбинци и она што е битно за земјоделците а тоа е модернизавија, и реконструкција на каналите за наводнување.“ посочи Мицковски

Проектите ќе се реализираат по преземањето на новата влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, посочија на денешниот настан.