Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар и Тополчани по еден сантиметар, додаваат од УХМР
Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде што во седум часот се измерени минус шест Целзиусови степени и има снежна покривка од 83 сантиметри. Во Маврови Анови се регистрирани минус четири Целзиусови степени, Лазарополе и Крушево минус три, Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, еден степен над нулата во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Битола, два во Охрид, три во Демир Капија, а четири во Гевгелија и Дојран, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар и Тополчани по еден сантиметар, додаваат од УХМР.
Од ски-центарот Попова Шапка информираат дека поради густата магла ќе работат ски-лифтовите „Аеродром”, Поток 1 и 2 и „Ге” и двоседната жичница „Св. Илија”. Од тие причини дневниот ски-билет за возрасни ќе се продава по цена од 1 000 денари, место по редовната цена од 1 300 денари.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места ќе врне дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.