Финансии / Банкарство
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА ГОДИНАВА НАД ДВА ОТСТО, ЕЦБ ќе се откаже од натамошно намалување на каматите прогнозираат економските експерти
16.10.2024
Инфлацијата во еврозоната годинава ќе изнесува 2,6 отсто. Ова се очекувањата на експертите кои се објавени во кварталната анкета која редовно се спроведува од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.
Според извештајот, стапката на инфлацијата во еврозоната во 2024 година ќе биде над посакуваната граница од два отсто која ја има одредено Европската централна банка.
Очекувањата на аналитичарите се дека инфлацијата во Германија ќе достигне 2,4 отсто, во Франција 2,3 отсто.
- Централните банки поради стагнација на инфлаторните очекувања можат да се откажат од натамошно намалување на каматните стапки, посочува Никлас Потрафке, аналитичар во ИФО.
Инфлацијата во светот, според предвидувањата на експертите, годинава може да достигне четири отсто и се очекува таа да се намали на 3,9 отсто следната година и на 3,6 отсто во 2027 година.
Анкетата на ИФО била спроведена во период од 17 септември до 1 октомври 2024 година и во неа учествувале 1.514 економски експерти од 110 земји, пренесува „Новости“.
фото freepic