Првиот човек на ЦИА стравува дека Украина може да биде поразена до крајот на 2024

од Nikola Popovski

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс ги предупреди пратениците во четвртокот дека Украина ќе ја загуби војната до крајот на годината доколку не биде одобрена нова рунда помош, пишува „Politico“.

Зборувајќи во центарот „Џорџ В. Буш“, Барнс ги повикал пратениците да го поддржат амандманот што би значел милијарди долари дополнителна помош за Украина.

„Со засилувањето што ќе дојде со воената помош, практично и психолошки, Украинците ќе бидат целосно способни да ја истуркааат 2024 година и да го соборат арогантниот став на Путин дека времето е на негова страна“, рекол тој.

„Но, ако не помине во Конгресот, сликата ќе биде многу помрачна“, продолжил тој.

„Постои многу реален ризик дека Украинците би можеле да изгубат на бојното поле до крајот на 2024 година или барем Путин да дојде во позиција во која би можел да ги диктира условите на политичкиот договор“.

Ова е можеби најконкретното предупредување од висок функционер за војната, кое доаѓа во време кога Киев предупредува дека Русија подготвува летна офанзива во која огромни бранови руски војници ќе ја нападнат Украина и ќе извршат огромен притисок врз веќе измачените украински војници. .

Барнс го издал предупредувањето само еден ден откако претседателот на Претставничкиот дом. Мајк Џонсон го откри долгоочекуваниот пакет помош за кој треба да се гласа.

Претседателот Џо Бајден, исто така, изрази силна поддршка за предложениот закон на Џонсон. Администрацијата на Бајден со месеци предупредува дека неможноста на пратениците да гласаат за новиот пакет помош е главната причина што Киев има толку многу проблеми на бојното поле.

„Поддршката за Украина во овој момент се однесува на многу повеќе од војната со Русија“, тврди Барнс.

„Се работи и за Си Џинпинг во Кина, за неговите амбиции и за нашите сојузници и партнери во Индо-пацификот“, рекол тој.

Слични содржини