Најмлад по Дурент: Дончиќ најдобар стрелец во НБА

од Vladimir Zorba

Лука Дончиќ, асот на Далас Маверикс, официјално е прогласен за најдобар стрелец во НБА лигата во сезоната 2023/24.

Репрезентативецот на Словенија има одлична сезона и е во најтесниот круг на кандидати за најкорисен играч (МВП) во лигата.

Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по меч. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од слободни.

Со 25 години тој е најмладиот добитник на оваа награда по Кевин Дурент во сезоната 2011/12.

Далас Маверикс заврши на петтото место на Западот и во првото коло од плеј-офот ќе игра против Лос Анџелес Клиперс.

Слични содржини