Поврзете се со нас

Македонија

Силекс ја шокираше Струга, Вардар претрпе незгоден пораз од Брера

Објавено

на

Првата македонска фудбалска лига полека влегува во самата завршница, а по денешниот расплет, уште појасно е дека разврската за врвот и опстанок во елитата ќе биде уште повозбудлива.

Струга ја загуби посакуваната предност на табелата и денеска „си пукаше во колено“ против Силекс, бидејќи кратовчани успеаја да се вратат од негатива од 2:0 и да победат со 2:3.

Шокантниот кам-бек на гостите ги „смрзна“ актуелните бранители на титуалта и сега предноста на табелата не е онаа замислената, бидејќи триумф оставри и Шкупи на крајно драматичен начин.

Шкупи губеше 1:2 од Тиквеш и се чинеше дека нема да го искористи киксот на Струга, но успеа да постигне два гола во самата завршница, од кои решавачкиот за 3:2 во 97-та минута.

Емануел Аворнио беше херој за чаирчани и со оваа победа Шкупи се израмни со Струга на врвот на табелата, додека три бода помалку има Шкендија (55) која денеска славеше над Гостивар со 3:1.

Во долниот дел од табелата, Вардар претрпе тежок и непријатен пораз од Брера Струмица со резутлат 2:0, додека Работнички и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1:1. Важна победа оствари Воска која славеше над Брегалница со 4:0.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни