Тим од пластични хирурзи ќе биде во Кочани за терапија на пациентите кога ќе се вратат од клиниките

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна во фазите кои се пред нас, изјави денеска Таравари.

Како што напомена, на дел од пациентите ќе им потребна рехабилитација во траење од две недели, а на некои можеби и месеци.

Зачлени се на нашиот е-билтен