Скопје

Во Скопје 193 санкционирани возачи, од нив 47 за брзо возење

Во Скопје 193 санкционирани возачи, од нив 47 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

На почеток