Поранешен фудбалер на Интер седнува на клупата на Милан

Бројни португалски и италијански медиуми, објавија дека е постигнат голем напредок во преговорите меѓу челниците на Милан и претставниците на тренерот на Порто, Серџо Консеисао по што неговото враќање во Италија е повеќе од сигурно.

Кам-бек, бидејќи 49-годишниот Консеисао успешно играше за Лацио (1998-2000), Парма (2000-01), Интер (2001-03) и Лацио (2003-04) пред да се врати во Порто каде професионалната кариера како фудбалер ја започна во далечната 1993 година.

Тренерската кариера не ја започна во Порто, напротив, раководеше со Стандард, Оланенсе, Академија, Брага, Виторија Гимараеш и Нант пред да добие повик од  „Драгао“ во 2017 година.

Тоа беше добар потег на управата на сино-белите, со оглед на тоа што во следните седум сезони (вклучувајќи ја и оваа) Консеисао освои три португалски првенства, три Купа, еден Суперкуп, со два пласмани во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...