Бодирога ги седна на маса Ц. Звезда и Партизан – објавено е и за што разговарале

Евролигата се огласи со официјално соопштение откако попладнево седнале на маса со претставници на Црвена Звезда и Партизан.

Официјалните лица од Евролигата, на чело со претседателот Дејан Бодирога, соопштија на јавноста за што разговарале на овој состанок во Белград.

– Во контектст од неодамна кога беа објавени одредени текстови, Евролигата сака да нагласи: Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога заедно со извршниот директор Паулијис Мотејунас, се сретнаа денеска во Белград за време на посетата во Србија.

– Целта на овој состанок беше размена на идеи, осврт на тековната сезона и можните облици на идна соработка. Евролигата сака да се заблагодари за укажаното гостопримство на белградските клубови, стои во краткото соопштение на Евролигата.

И понатаму нема јасни и прецизни назначи кој од белградските екипи ќе биде дел од Евролигата следната сезона, односно дали ќе има две екипи од Белград во Евролигата, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО