• недела, 12 мај 2024

Струмичкото комунално претпријатие ги чисти дивите депонии и јавните зелени површини

Струмичкото комунално претпријатие ги чисти дивите депонии и јавните зелени површини

Струмица, 11 февруари 2024 (МИА) - ЈПКД „Комуналец“ почна со голема пролетна акција за чистење на дивите депонии околу градот и на сите јавни зелени површини во градот.

Како што соопштија од претпријатието, иако поединци се однесуваат несовесно со фрлање на смет насекаде, сепак се зголемува бројот на граѓани кои се повеќе се заинтересирани за чиста околина која ги опкружува и сакаат и заслужуваат почисти дворови, улици, паркови и детски игралишта.

-И покрај секојдневната работа и апели од страна на ЈПКД „Комуналец“, Општината и еколошките друштва, несовесноста на некои поединци победува и остава грда слика на нашето секојдневно опкружување. Со зголемување на апелите, со секојдневното наше работење ,совесно однесување на сите поединци, се надеваме дека ќе го подобриме и унапредиме изгледот на нашиот град за да добиеме почисти улици и јавни површини, детски игралишта и паркови. Со нашето однесување да дадеме пример и да покажеме дека можеме да имаме уредена, чиста и здрава животна средина, стои во соопштението на струмичкото комунално претпријатие.

Инаку, вчера се чистеа дивите депонии, а денеска јавните зелени површини во градот. Акцијата продолжува и понатаму. рт/бк/

Фото: ЈПКД „Комуналец“

Остани поврзан