(Видео) Кирстен Данст удри во статуа на Оскар додека се шеташе по црвениот тепих

Актерката Кирстен Данст се појави на синоќешното доделување на Оскарите, а додека се шеташе на црвениот тепих со сопругот Џеси Племонс, и се случи незгоден момент.

Актерката самапозирала пред фотографите, а потоа направила неколку чекори подалеку додека нејзиниот сопруг ја следел, но во моментот кога му ја пружила раката се сопнала и удрила во статуата на Оскар.

Сепак, таа брзо се сврте и се држеше за статуата со рацете за да не падне, а потоа со насмевка им позираше на фотографите.

Инаку, Кирстен не е единствената која синоќа доживеала ваков инцидент. Актерката и Јутјубер Лиза Коши се сопна и падна на црвениот тепих, а нејзината реакција ги воодушеви обожавателите.

Scroll to Top