Познат стартниот состав: Со Елмас и Миовски во нападот против Црна Гора

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го одреди составот за мечот против Црна Гора, кој започнува за еден час. Пријателската средба ќе се игра на неутрален терен во Анталија.

Македонија во офанзивниот дел ќе биде со Елиф Елмас и Бојан Миовски, а веднаш зад нив ќе биде капитенот Енис Барди. Во средниот ред се и Атанасов и Костадинов.

Засилена ќе биде одбраната со тројца централни дефанзивци, и тоа Велковски, Муслиу и Зајков, а страничните позиции се резервирани за Чурлинов и Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести