Курти во Тирана: Го информирав албанското раководство за деталите од договорот во Охрид

228

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска беше во работна посета на Тирана, за новинарите изјави дека ги информирал албанските политичари за деталите од договорот за нормализација на Косово и Србија постигнат во Охрид, како и дека побарал помош за зачувување територијалниот интегритет и суверенитет на Косово.

„На овие средби истакнав две главни работи. Првиот е демократскиот и економскиот успех и напредок на Косово, во последните две години на владата, што го сметам за невиден напредок за независно Косово. Второ, ги информирав албанските политичари за содржината на договорот што го имавме во Брисел, а потоа и за анексот што го договоривме во Охрид за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Сакав детално да ги информирам за процесот на дијалог“, рече Курти.

Курти денеска во Тирана се сретна со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, потоа со претседателката на Собранието, Линдита Никола, премиерот Еди Рама, како и со поранешниот претседател Илир Мета.