Фудбалерите и илјадници фанови на Спортинг бурно ја прославија јубилејната 20 титула (ВИДЕО)

Поразот на Бенфика од 0-2 на гостувањето кај Фамалико во 32. коло од португалското првенство и официјално го промовираше Спортинг во шампион на тамошното првенство и тоа на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

За Спортинг тоа е втора титула во последните три години, а воедно и јубилејна бидејќи е дваесеттата титула во клупската историја која навивачите на „зелено-белите“ на големо ја прославија во градот. Присутни беа и фудбалерите и стручниот штаб на Спортинг кои низ Лисабон се прошетаа качени на автобус.

Се вчитува...