Уште еден удар за мртвиот Навални

од Симе Стоиков

Тужбата што ја поднесе мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска нега во затворот каде ја отслужил казната и починал, е одбиена бидејќи Навални лично не поднел жалба.

Ова денеска го изјави поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов.

Жданов рече дека судот во малиот град Лабитнанги, во близина на затворот каде што почина Навални, ја отфрлил тужбата со образложение дека тужбата требало да биде поднесена од самиот Навални, објави Ројтерс.

„Алексеј повеќе пати поднесуваше тужби за недостиг на медицинска нега во затворите“, напиша Жданов на Телеграм.

Тој изјави дека „сега кога е убиен, со потсмев ги демантираат тврдењата на неговото семејство“.

Руските затворски власти објавија дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал на 16 февруари откако прошетал пред затворот „Поларниот волк“, каде што издржувал тридецениска казна.

Тимот на Навални подоцна објави дека во неговата смртна потврда е наведено дека тој починал од природна смрт.

Слични содржини