Идниот претседател да се грижи за народот и да се подобрат условите за живот очекуваат граѓаните

Седум кандидати за претседател, но велат дека еден ќе ја управува државата. Денес анкетираните штипјани велат дека очекуваат од претседателот да се грижи за народот и да мисли за граѓаните, особено за пензионерите да им се покачат пензиите, да се обезбедат лекови и услови за живот.

„Мисле за народо, не само за нивните фотељи нека мислат за народо малку. Има многу сиромашни луѓе изнемоштени, ние со малите пензии по 13 илјади како мислат да прекараме. Они по колку 5% на пензионерите, за нив 85% не се согласуваме.“

„Без разлика кој и да е очекувам да ги превземе работите како што треба, како претседател на сите граѓани. Без разлика од која партија е тоа очекуваме се најдобро било кој да се избере.“

„Кој и да е да биде успешно за младите, да се вратат младите од странство, а за нас старите да се покаче некоја пензија смао тоа да е. Како и до сега убаво, за вас младите да биде убаво.“

Останатите велат дека досега од претседателите немале никакви резултати, па затоа и во иднина не очекуваат.

До сега не се имале резултати претседателите, не очекувам и од овие

Велат дека без разлика кој ќе биде претседател и која политичка партија ќе ја застапи, важно е да се рботи и да се подобрат условите на живот во нашата држава, со што и ќе се намали бројот на иселни, а младината ќе остане овде.

Лаура Стојанова М-Нет