МВР нема докази за петте мафијашки убиства во Скопје, вели Спасовски

МВР нема докази за петте мафијашки убиства кои се случија на улица Рузвелтова, во Чаир, во Бутел, во Шиша Бар, во хотелот Александар Палас – сите поврзани со истите криминални банди. Ова во интервју за Радио слободна Европа го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого битно е дека другите се зад решетки и како аргумент наведува дека станува збор за само 5 од 128 кривични дела по кои постапувала полицијата.

„Ако гледате процентуално ќе видите колку е висок процентот на расчистување на кривичните дела. Точно е тоа што го изнесувате како факт и тие се случаите 5 кои вие ги набројавте во кои немаме до крај обезбедено докази за извршување на кривичните дела. Меѓутоа тоа се само пет од 128“, вели Спасовски во интевјуто за Радио слободна Европа.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/spasovski-ubistvata-se-razreshuvaat-za-pette-mafijashki-nemame-dokazi/32698420.html