Одреден е притвор за четворица терористи осомничени за нападот во Москва

Од:

Судот во Басман во Москва на четворицата осомничени за нападот во трговскиот центар Крокус Сити Хол им одреди притвор до 22 мај.

Приведени се Мухамедсобир Фаиз, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализоди и Шамсидин Фаридуни.

Руските медиуми вчера објавија дека Мирзоев и Рачабализода ја признале вината.

Тие четворица, како што претходно соопшти ФСБ на Русија, беа уапсени на 23 март, во близина на руската граница со Украина, и обвинети за тероризам.

Во терористичкиот напад извршен на 22 март во концертната сала Крокус Сити Хол, според последните податоци, загинале 137 лица, меѓу кои и три деца.

Повредени се 180 лица, од кои 142 лица се хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он