ВИДЕО I Нападната Одеса – загинаа две лица, 17 се повредени

Во гранатирањето на Одеса загинаа две лица, 17 се повредени, двајца се во тешка состојба.
Во ракетен напад на руски војници врз Одеса загинаа две лица и едно куче, а повредени се 17 лица, од кои најмалку двајца се во тешка состојба, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.

„На ранетите им е укажана сета потребна помош, итните служби продолжуваат да работат на лице место“, напиша на Телеграм.

Во нападот била погодена зградата во сопственост на Правниот факултет, на украинската јавност попознат како „замокот на Хари Потер“. На снимката објавена од Киев пост се гледа зградата во пламен и пожарникарите кои пристигнуваат на местото на нападот.

Како што јави Укринформ, руските сили синоќа ја гранатираа Одеса при што беа оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура, пренесува Танјуг.