Започна Велигденскиот хепенинг во Кочани, одлична програма предвидена во периодот од 2 до 8 мај

Велигденската традиција во Кочани продолжува понатаму. Официјално денеска е започнат велигденскиот хепенинг збогатен со културно-забавна програма. На настанот учествуваа ученици од основното училиште „Никола Карев“, како и дечињата од градинката „Павлина Вељанова“. Велигденската работилница е приредна од страна на библиотеката „Искра“. Неизоставен дел беше и Центарот за култура „Бели мугри“ кои што приредија неверојатен перформанс во паркот на Кочани.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денеска започна велигденскиот хепенинг во градскиот парк во Кочани, со една богата културно-забавна програма. ЈОУ „Павлина Вељанова“ утрово приреди велигденски пазар на можности придружен со музички настапи на дечињата, настапија и ученици од основното училиште „Никола Карев“ од Кочани. Понатаму библиотеката „Искра“ од Кочани приреди велигденска работилница, денеска а во знакот на големиот христијански празник школата за цртање и сликање при Центарот за култура „ Бели мугри“ од Кочани приредија еден преубав велигденски перформанс во паркот. Во текот на денот, младинската банк Кочани ќе приреди исто така една велигднеска работилница.“ – вели Карова-Коцева.

Исто така настанот ке биде збогатен и со ѕвездите од „Дајте музика“ со почеток од 17:00 часот. Велигденскиот хепенинг ќе трае се до 8 мај, каде секој ден ќе се оддржуват кулутрно-забавни настапи.

„Денеска со почеток до 17:00 часот во градскиот парк во Кочани ќе настапат ѕвездите од „Дајте музика“ и еве една покана до сите дечиња, да присуствуваат на концертот. Велигденскте денови во кочанскиот градски парк ќе траат до 8 мај, каде секој ден ќе следуваат кулутрно-забавни содржини.Целата програма за претстојните денови сите заинтересирани можат да ја погледнат на страницата на Општина Кочани“

Граѓаните кои се заинтересирани за повеќе дополнителни информации, можат да ја погледнат програмата на страницата на Општина Кочани.