Евроамбасадорката Хоман: Најважната порака од утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан е дека сме заедно

Од:

Амбасадорката на ЕУ во Тирана, Кристијане Хоман, во однос на очекувањата од утрешниот Самит изјави дека пред се „многу важна порака е да повториме дека сме заедно“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Мислам дека пред се е многу важна пораката што земјите-членки на ЕУ им ја даваат на земјите од Западен Балкан, но и на сите што доаѓаат тука. За првпат овој самит се одржува надвор од Европската унија. Тоа е оценка за улогата на Западен Балкан и за Европската унија, за нашата стабилност, а особено со оглед на геополитичката ситуација во која се наоѓаме, важно е да повториме дека сме заедно против нелегалниот напад на Русија против Украина. Ова е многу, многу силна порака што ќе ја добиеме од овој самит, изјави Хоман за Топ чанел.

Во меѓувреме, попладнево почнаа да пристигнуваат учесниците на самитот. Први дојдоа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Пристигнаа и претседателите на Унгарија, на Кипар, на Бугарија, на Босна и Херцеговина, на Косово, претседателот на Европската комисија и на ЕБОР, комесарот за проширување, премиерите на Северна Македонија, на Португалија и на Ирска.

Останатите делегации ќе пристигнат утре, а потоа сите ќе бидат дочекани од премиерот Еди Рама на плоштадот „Италија“, каде што е и Конгресната палата.

И покрај ставот на властите да не дозволат опозицијата да протестира во безбедносниот периметар на Самитот на Европската унија – Западен Балкан, шефот на Демократската партија Сали Бериша е решен да го одржи протестот токму пред кабинетот на премиерот на Албанија.

Тој денеска попладне упати апел до граѓаните за што поголема масовност на булеварот „Народни херои“ за да им ја покажат албанската реалност на своите европски пријатели.

– Протестите на самити и на овие состаноци се најнормална работа во слободните земји. Тоа е порака до лидерите на Европа дека не се согласуваме со режимот на Еди Рама. Се бориме за права и слобода. Тоа е контранапад за оштетување на имиџот на Албанија од страна на Еди Рама, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија