Меси е незадржлив, гол и неверојатни пет асистенции во само едно полувреме, Суарес постигна хет-трик за 12 минути (Видео)

Лионел Меси продолжува да биде незадржлив во МЛС и го предводеше Интер Мајами до уште една победа во првенството. Тимот на Меси со убедливи 6:2 на свој терен го победи Њујорк, иако на полувреме гостите водеа со 1:0.

Во вториот дел се случи вистинско шоу, а секако главен креатор беше Меси. Аргентинскиот виртуоз даде еден гол, а имаше и неверојатни шест асистенции, па на крајот Мајами славеше со високи 6:2.

Покрај Меси, блесна и Луис Суарес кој постигна хет-трик, а имаше и една асистенција и тоа за голот на Меси. Одличен беше и Рохас кој влезе во второто полувреме и успеа да постигне два гола.

„Сите голови беа важни, но Меси вечерва направи нешто историско. Даде гол, а имаше и пет асистенции. Секако не смее да се заборави и дека Суарес постигна три гола, а одличен беше и Рохас со два погодоци“, по мечот задоволно коментираше тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино.

По 11 одиграни меча во сезоната, Меси е со неверојатен биланс од 12 погодоци и 11 асистенции што преставува апсолутен рекорд. На последните шест дуели, Аргентинецот постојано дава барем по еден гол и има најмалку една асистенција, нешто то секако никогаш претходно не му успеало на ниту еден друг фудбалер во МЛС.

 

- Оглас -

Најнови вести