На 16.03.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 49 годишно лице од Охрид врз 28 годишно лице од Струга.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“.
При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основниот суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом. При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews